-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ и СДС не сакаат да ја прифатат преамбулата со хрватскиот модел
-->
Власта на ДУИ и СДС го покажаа своето лицемерие на дело.
Толку од европските вредности на ДУИ и СДС. Самите предлагаа уставни промени по хрватскиот модел на преамбулата, модел на земја членка на ЕУ, за сега никаде да ги нема.
Наместо криење по канцеларии, како што тоа го прави власта, ВМРО-ДПМНЕ јасно и гласно кажува дека хрватскиот модел, таков каков што е, да се преслика во уставот на Република Македонија.
Молкот на власта на Ковачевски покажува дека тие не се спремни една таква европска преамбула да ја прифатат, туку сакаат повторно да прават егзибиции.
Егзибициите на СДС и ДУИ веќе му се преку глава на народот.
Граѓаните гледаат дека не си имаат работа со европски политичари во власта, туку само со кариеристи кои заради личен интерес се подготвени да направат се само да се задржат некој ден повеќе во фотелја.
Овие луѓе, на чело со Ковачевски немаат ниту европски вредности, ниту имаат национално и државничко чувство. Тие се купи ден политичари, кои тргуваат со националните интереси.
Последната реторика која ја имаа со предлагање на хрватскиот модел на преамбула, од која потоа самите ретерираа, само ја покажува нивната кусогледост и хипокризија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Политички судир за фузијата на градинките во Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
