ВМРО-ДПМНЕ: Државата се наоѓа на економското дно, сиромаштијата расте
Криминалната власт на СДСМ и Зоран Заев ја уништи македонската економија и им донесе сиромаштија на македонските граѓани.
Додека државата се наоѓа на економското дно, функционерите на криминалниот картел се богатат на грбот на граѓаните користејќи државни грантови, тендери и ги вработуваат своите блиски во државните институции за плати кои обичните граѓани само ги сонуваат.
СДСМ тотално потфрли на економски план. Заради лошите економски политики на власта, граѓаните се борат за парче леб, а доколку продолжи ваквиот тренд половина од граѓаните благодарение на СДСМ ќе бидат доведени на питачки стап.
Откако криминалниот картел ја води државата постојано расте сиромаштијата. Преку 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, а власта дополнително удира по нивниот џеб и си ги згрижува своите мајки, татковци, сестри, браќа но и фризерки со парите на граѓаните.
Власта која немаше да се задолжува, го направи токму спротивното и како резултат на нивните секојдневни задолжувања за прв пат јавниот долг надмина 5 милијарди евра и ја премина психолошката граница од 50%.
Додека економиите од регионот бележат значителен раст, македонската е убедливо последна со мизерен раст од 2,05%, а Заев лажеше дека тој ќе изнесувал меѓу 5 и 7%.
Дека СДСМ се неспособни говори и фактот што во јануари реализацијата на капиталните инвестиции изнесува срамен 1%, а извозот бележи пад од 1,9% споредено со минатата година. Да биде уште потрагично имаме пад од дури 12,6 проценти во ИТ индустријата.
СДСМ докажа дека не се способни и не знаат како да креираат добра бизнис клима. Ги урнаа сите економски индикатори, а единствено раст донесоа кај даноците и корупцијата.
Економската катастрофа која и ја приреди СДСМ на Македонија мора да запре. Граѓаните не смеат да живеат на работ на сиромаштијата. Затоа СДСМ мора да си замине. Република Македонија и македонските граѓаните заслужуваат подобро.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Обилни снежни врнежи предизвикаа прекини на воздушниот и патниот сообраќај во Велика Британија
-
Мицкоски: Нашата иднина е да изградиме модерна и безбедна инфраструктура
-
Израелската армија соопшти дека нападнала повеќе од 100 „терористички цели“ во Појасот Газа
-
Трамп го номинира адвокатот Стенли Вудворд за негов помошник и постар советник во правниот тим на Белата куќа
-
Изгоре автомобил на патот Струмица-Дабиле
-
Млад гостиварец осомничен за силување 13-годишно девојче
-
Намалена видливост поради магла на планинските превои Ѓавато и Буково
-
Утрово најстудено и најмногу снег на Попова Шапка