ВМРО-ДПМНЕ: Доказите потврдуваат дека Зоран Заев е главниот рекетар во Македонија
Повторно по којзнае кој пат се потврди дека главниот рекетар во Македонија е Зоран Заев.
Последна потврда за рекетот од страна на Зоран Заев е јавно објавената преписка од страна на Бојан Јовановски - Боки 13.
Јасно се гледа дека главата на рекетарскиот октопод е Зоран Заев и како бизнисмени биле уценувани и рекетирани.
Доказите потврдуваат како Заев дава насоки со кои од неговите пајташи е најпогодно да се договараат работите.
Исто така граѓаните можеа да видат како пипците на октоподот продавале и трансформирале државното земјоделско земјиште во градежно земјиште. Додека земјоделците мака мачат како да преживеат, Љупчо Николовски за само еден ден трансформирал и продавал земјиште.
Љупчо Николовски по објавените пораки како прави криминал со трансформацијата на земјоделско земјиште за личен бенефит, треба веднаш да си поднесе оставка од функцијата министер за земјоделие.
Целосен молк од страна на Заев, Николовски, Рашковски и сите повикани во преписката на обвинетиот во случајот „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановси - Боки 13.
И покрај јавно објавените докази, и покрај сите сведочења на бизнисмени и граѓани за рекетот и криминалот на власта на СДСМ, главните виновници не се седнати на обвинителна клупа.
Пет години потрошени на граѓаните од страна на власта на СДСМ и Зоран Заев само со криминал и корупција. Пет години стагнација на Македонија и уназадување на сите светски ранг листи.
Ново на Сител
-
Советот за безбедност на Косово ги активира војската и полицијата за обезбедување на објекти и служби
-
ОЈО: Поведена истрага против македонски државјанин за убиство во Ханиоти
-
Лишен од слобода малолетникот што ја откорна таблата од Конзулатот на Република Србија во Куманово
-
Средба на Народната банка и ЕБОР за новата Стратегија за земјава за 2025-2030 година
-
На Попова Шапка најстудено со - 5 степени, најмногу снег во Берово 22 сантиметри
-
Евробарометар: Мнозинството македонски граѓани имаат доверба во ЕУ
-
Џихадистите зазедоа уште еден град во северозападна Сирија
-
Усик ќе заработи 114 милиони долари за реванш со Фјури