ВМРО-ДПМНЕ: Договорот за наводно добрососедство со Бугарија е само етапа до крајната цел на Заев за редефинирање на Македонија
Последиците од договорот за добрососедство со Бугарија, јавноста веќе може да ги види. Во низа се редат антимакедонските ставови кои доаѓаат од високи општествени и политички дејци од Бугарија со кои се погазува и негира македонскиот идентитет, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
– Последната доаѓа од Ана Кочева од Институтот за бугарски јазик од Софија која ја оспорува засебноста на македонскиот литературен јазик и која вели дека македонски јазик не постои, јазикот е измислен и дека е Западно бугарски дијалект. Сето ова е резултат на штетниот договор кој што Зоран Заев го потпиша во кој Македонија и Бугарија немаат рамноправна положба и со кој македонскиот јазик наместо реалност се сведе на уставна категорија. Да биде уште посериозно изјавите на Кочева речиси во целост се поклопуваат со изјавите на Мирослав Грчев, висок партиски функционер на СДС, кој тврди дека македонската држава, македонската нација и македонскиот јазик се измислени од страна на Југославија. Негаторските изјави на функционери на СДС и антимакедонисти во Бугарија се на иста линија и се само потврда дека договорот за наводно добрососедство со Бугарија е само етапа до крајната цел на Заев за редефинирање на Македонија, менување на името и нејзино претворање на држава без историја, и создавање на јазик и народ без корен, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Трамп ги обвини советниците на Бајден за „велепредавство“
-
Трајко Славески кандидат за гувернер на Народната банка
-
Одбраната на Палевски и Видевски тврди дека ОЈО е контрадикторно во врска со изведените докази
-
ФФМ донесе одлука: Бројот на клубови во ПМФЛ се намалува од 12 на 10
-
Лавров: Русија нема да дозволи да биде измамена со примирје
-
Во првиот квартал со автобуси превезени 9 845 000 патници
-
Заврши доказната постапка во случајот за убиството на Вања и Панче, судењето продолжува на 2 јуни
-
Ликвидирале по нарачка, уапсени четири лица поврзани со убиствата на Орхан Бајрами Оки и Амар Исмани