ВМРО-ДПМНЕ: Димитров да ги врати парите од стипендијата или да си поднесе оставка
Додека учениците немаат книги власта одвојува 40.000 долари за ќерката на Никола Димитров да учи во Холандија.
Димитров наместо да покаже доблест и да ги врати парите на македонските даночни обврзници мува не го лази, дрско поигрувајќи си со интелегенцијата на граѓаните.
Додека секојдневно зборува за европски стандарди, на дело манифестира комунистички манири. Доколку Димитров навистина се залага за ЕУ стандарди тој треба да ги врати парите или да си поднесе оставка. Граѓаните очекуваат одговорност, а не затскривање.
Додека Димитрови земаат високи стипендии во Македонија студентите спиеја по дворови на студентски домови затоа што МОН ненавремено ги објави списоците со примени студенти.
Додека Димитрови земаат 40.000 долари студентите го чекаат на големо најавуваниот студентски град, кој требаше веќе една година да се гради како што ветуваше СДСМ.
Лажно декларираната ЕУ заложба граѓаните веќе јасно ја гледаат. СДСМ под превезот на ЕУ интеграции, врши непотизам и криминал. СДСМ покажа дека нема капацитет да ја води Република Македонија. СДСМ мора да си замине.
Ново на Сител
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та