-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Десетици граѓани дневно завршуваат во болница заради загадениот воздух
-->
Скопје и Македонија се гушат во загаден воздух, а Зоран Заев и Петре Шилегов не преземаат ништо. Веќе неколку недели по ред Скопје е меѓу најзагадените градови во светот. Граѓаните имаат сериозни последици врз нивното здравје, особено хронично болните, децата и постарите.Според анализа на реномираниот Универзитет во Чикаго од Институтот за енергетска политика, загадувањето на воздухот го намалува просечниот живот на човекот за скоро две години, што е поопасен ризик фактор за смртност од многу заразни болести како туберкулозата.
Како последица на неодговорниот пристап на црната власт на СДСМ кон животната средина десетици граѓани завршуваат на лекар секој ден поради проблеми со здравјето настанати заради загадениот воздух.
Граѓаните се соочуваат со реални здравствени проблеми заради загаденоста, а власта само ги завива во црно нивните животи.
Информациите кои доаѓаат од светски реномирани институции треба да бидат последен аларм на власта, која потроши 2 години без да реализира ниту еден проект за подобрување на квалитетот на воздухот. Зоран Заев и Петре Шилегов ветуваа итно справување со загаденоста, сега кога се на власт не само што не го решија проблемот како што ветуваа, туку и не преземаат било што да ги намалат последиците од загадувањето.
Светската здравствена организација неодамна излезе со анализа во која покажа дека на годишно ниво во светот умираат околу 7 милиони луѓе како последица на штетните и канцерогени честички кои влијаат на кардиоваскуларниот и респираторниот систем на човекот.
Наместо конкретни решенија на проблемите со енормното загадување, министерот за животна средина Садула Дураку дрско и безобразно вели дека не се занимава со граѓаните, Петре Шилегов организира стенд ап настапи, а Зоран Заев заборави на ветувањата за почист воздух во целост. Црната власт на СДСМ неодговорно се постави кон граѓаните и ги изманипулира. Граѓаните не заслужуваат никој да ги завива во црно нивните судбини. СДСМ мора да си замине.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пијан малолетник во Градски парк бил агресивен кон полицајци
-

18-годишник физички нападнат од двајца соученици кои го подолго го вознемирувале во училиште
-

37-годишник во угостителски објект во Крива Паланка нападнал членови на музичка група и оштетил музичка опрема
-

Кривична за двајца полицајци кои употребувајќи прекумерна сила го повредиле лицето кое го апселе
-

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените граѓани зел околу 56.000 евра
-

Уапсени двајца кумановци барани по потерници, а осудени на седум, односно две години затвор
-

Повикана Брза помош, на еден од обвинетите за трагедијата во Кочани не му било добро
-

Синдикалната минимална кошница за мај 68.743 денари, намалена е за 54 денари во однос на април
