ВМРО-ДПМНЕ: Демолирањето на споменикот на децата бегалци е акт на наjголем вандализам

Демолирањето на споменикот на децата бегалци, жртви на егзодусот врз македонците во Граѓанската војна во Грција во паркот „Жена борец“ во очи 11 октомври, денот на почетокот на антифашистичкото востание во Македонија е акт на најголем вандализам.
ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува демолирањето на споменикот, кој претставува симбол за сеќавање на една голгота на македонскиот народ во минатото.
Овој споменик е спомен и почит за егзодусот на над 20.000 деца од Егејска Македонија извршен во период од 1946 – 1949 година.
ВМРО-ДПМНЕ апелира до властите да почнат да си ја вршат работата за која што се платени и да го чуваат државниот имот. Недозволиво е власта да дозволува секојдневно уништување на спомениците и друг вид на државен имот, а никој за тоа да не сноси одговорност.
Ново на Сител
-

Инцидент во Аеродром: Пресметка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички, еден повреден
-

САД ја предупреди Москва за голем терористички напад - затворен познат музејски комплекс
-

Почина легендарниот пејач Мишо Ковач
-

Ѓорѓиевски: Бесплатен разглед на Матка и Врело - светот слушна за нашето богатство, време е сите да го доживееме
-

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
-

Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
-

Куче без надзор и маска каснало жена во Кратово, сопственичката доби кривична пријава
-

Тројца вооружени разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
