Македонија
16. March 2021 - 12:48

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев со министерот за внатрешни, обвинител и адвокат во скопски ресторан договарал заташкување на Рекет?

Почитувани,

СДСМ ја ишка мувата од капата со случајот Орце Камчев.

Орце Камчев е во затвор затоа што парите од рекетот на Камчев се кај Зоран и Вице Заев. Токму ова го кажа и прво осудениот за рекет Бојан Јовановски.

Оттука Заев треба да одговори дали е точно дека во еден ресторан на периферијата од Скопје, заедно со министерот за внатрешни работи, една обвинителка и адвокат договарале заташкување на случајот рекет и замолкнување на можниот сведок Орце Камчев?

Дали е точно дека Заев јавно се заканувал со зборовите”нема да се стигне до парите-па макар и владата да падне”?

Дали Луј Витон торбата со рекетираните пари е токму на улицата “младинска” во Струмица каде што е семејната куќата на Заеви?

Дали на тој состанок во скопскиот ресторан е токмен план како да се заобиколи правдата? Ќе извадите докази за ова, или да вадиме?

Зоран Заев еднаш криминалец-секогаш криминалец.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ