ВМРО-ДПМНЕ: Да се преиспита одлуката за поништување на проектот за реконструкција на Центарот за култура во Охрид

ВМРО-ДПМНЕ бара од министерот за култура Роберт Алаѓозовски да ја преиспита и повлече одлуката за поништување на проектот за реконструкција, надградба и осовременување на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид која тој, обвинува партијата, ја донел тајно, нетранспарентно и зад грбот на јавноста.
Пратеникот Крсто Јовановски на прес-конференција праша дали Охрид и охриѓани не се достојни да добијат објект на кој ќе се гордеат и во кој ќе може да ги следат културно-уметничките настани во својот град, посочувајќи дека во Центарот за култура се сместени и работат националните установи Театар Охрид, Охридско лето и Библиотеката „Григор Прличев“.
- Реализацијата на овој проект предвидуваше целосна реконструкција, надградба и осовременување на постоечкиот објект на Центарот за култура „Григор Прличев“ по сите светски стандарди. Веќе беше обезбеден буџет, избрано беше идејно решение и фирма проектант, која треба да ја изработи потребната проектна документација по што би се отпочнало градежните активности за реконструкцијата на објектот, рече Јовановски.
Додаде дека реализацијата на овој проект ќе значела дека Охрид и охриѓани, како и сите граѓани на Република Македонија и бројните странски посетители, првпат по многу години во Охрид ќе добијат објект каде културните и уметничките настани ќе може да ги следат во современи услови по сите светски стандарди.
- Но, сега тоа е стопирано од Алаѓозовски, Заев и СДС, кои не сакаат во Охрид да има нов, современ и квалитетен објект кој не е ниту нивна идеја, ниту пак нивно дело. Јавно го прашуваме министерот за култура и Владата на СДС, дали прекинувањето на овој значаен проект за бисерот на културата Охрид, значи живот за Охрид и охриѓани?, праша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Реакција на ЗНАМ
-

Трамп изјави дека имал „многу продуктивен“ телефонски разговор со Путин пред средбата со Зеленски
-

Граничниот премин Евзони од пладне затворен за сообраќај
-

Трамп и Зеленски по средбата ќе имаат телефонски разговор со европските лидери, соопшти портпаролот на украинскиот претседател
-

Прегазен 31-годишен пешак во Скопје
-

Косовски државјанин се судрил со контејнери, семафор и повеќе автомобили, па продолжил да вози
-

Три возила се судриле на патот Охрид-Кичево, еден од возачите приведен
-

Приведена 55-годишна жена во Тетово, пронајдени пиротехнички средства
