Македонија
1. April 2023 - 16:38

ВМРО-ДПМНЕ чека владин предлог за покачувањето на платите, СДСМ најавува законски измени по одлуката на Уставен

Македонските бизнисмени се жалат дека се жртви на рекетирање и дека се во подредена положба во однос на компаниите блиски до ДУИ и СДСМ, но, тие треба да се охрабрат, да бидат гласни, за да можат да дојдат до тоа што го очекува и бизнис секторот и граѓаните, истакна денеска во Штип опозицискиот лидер Христијан Мицковски.

  • Да ја ослободиме Македонија и бизнисот од овие политички рекетари и криминалци во Владата, а потоа да можеме да ја развиеме онака како што заслужуваат и да обезбедиме навистина услови како што доликува на нашата држава, за да можат бизнисмените да отвораат нови работни места и да вработуваат што е можно повеќе квалитетни луѓе-изјави Христијан Мицкоски,претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на предлогот на Министерот за правда, на следните парламентарни избори да има 8 наместо 6 изборни единици, Мицковски со став дека се работи за недолична и несериозна солуција.

  • Во неговата коалиција во Владата има полтички партии кои бараат една изборна единица. Дајте нека седнат во Владата, нека се договорат еднаш кој е заедничкиот став за да можеме да го коментираме, една ли, шест ли, осум ли, осумаесет ли? Навистина ги збунуваат граѓаните., додаде Мицковски

За покачувањето на платите на функционерите и најавата дека градоначалниците од ВМРО ДПМНЕ разликата ќе ја донираат во хуманитарни цели, Мицковски нагласи дека секоја одлука на одделна индивидуа е негова лична работа.