ВМРО-ДПМНЕ: Бројката на починати од корона надмина 100 лица, а на Заев му се брза на избори
Заев и СДСМ ја користат епидемијата со корона вирус да си делат милионски бизниси, концесии и да прават класичен изборен поткуп на гласачи. Заради нивното неодговорно однесување во Македонија имавме црн викенд а само вчера беа регистрирани нови 30 заболени и 3-ца починати. Со тоа Македонија ја надмина бројката од 100 жртви.
Македонија е црн рекордер во регионот по смртност на милион жители и имаме повеќе жртви од Бугарија, Албанија и Грција заедно.
Македонија е земја во која нема никаква стратегија за решавање на економската криза која следи по здравствената, па така имаме најмал процент од БДП одвоен за помош на економијата и стопанството.
Македонија е земја во која повеќе се одвојува за договорни услуги, стоки и услуги и други непродуктивни трансфери, отколку што се одвојува за поддршка на здравствениот систем и изградба на капитални инвестиции.
Македонија е земја во која буџетската дупка за првите месеци е 200 милиони евра, без притоа да се пресметаат економските последици од кризата. Тоа е нов долг за секое семејство од околу 420 евра.
Ете како неспособната власт на Заев и СДСМ се справуваа со здравствената и економската криза.
Заев и СДСМ и по цена на животи и по цена на економски колапс брзаат да одат на избори само за да го ублажат поразот. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи нивните штетните политики кога и да се одржат изборите, но интересот на граѓаните и на државата ни се пред се.
ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија.
Ново на Сител
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата
-
Обид за убиство на политичар во северно Косово, од партијата велат дека се вмешани Белград и Радоичиќ
-
Единаесетти парламентарни избори, се кандидирале 1002 мажи и 753 жени
-
Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори
-
Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа