ВМРО-ДПМНЕ бара повлекување на одлуките за назначување директори
ВМРО-ДПМНЕ денеска побара итно повлекување на, како што наведоа, незаконските одлуки на Владата со кои се назначуваат директори на одредени институции и почитување на законите.
- Спасе Глигоров е предлогот на Владата на СДСМ, а тој е воедно и член на Извршниот одбор на СДСМ. Членот 16 став 1 од Законот за државни службеници е јасен, цитирам: директор на агенцијата за државни службеници не смее да биде лице кое е член на органите на политичка партија, изјави денеска Емилија Александрова од ВМРО-ДПМНЕ.
Со неговото предложување Владата на СДС го крши законот и наместо професионализација, како што кажа, сака да спроведе груба партизација на администрацијата.
- Дополнително не постои никаков законски основ за отповикување на досегашниот директор согласно Законот за државни службеници. СДСМ спротивно на закон предложува за директор на Агенцијата за службеници партиски војник за да им ја врши грубата партизација на администрацијата, обвини таа.
Законите и процедурите, според Александрова, не се испочитувани и преку назначувањето на директорите на Службен весник, Државниот завод за статистика, Агенцијата за млади и спорт, Државниот архив, Управниот инспекторат, кој е задолжен да ги штити процедурите кои СДСМ ги крши на големо.
- Ниту еден од споменатите, и за оние кој согласно закон е предвидено задолжително познавање на јазик, нема приложено сертификат. Разрешувањата се направени без претходен оглас, посочи Александрова која додаде дека СДСМ ветувале транспарентност, а добивме самоволие, шверцерско непочитување на законите, партиски војници.
Ново на Сител
-
Советот на јавни обвинители најави забелешка на три алтернативни членови на Предлог законот за Совет на ЈО со кои се врши депрофесионализација
-
АХВ воведе мерки за заштита од чума кај малите преживари и за Косово
-
Приведен крадец во Скопје, пронајдено и возилото што го украл
-
На „Богородица“ и на „Табановце“ се чека 20 до 30 минути
-
Владата со препораки за заштита од топлотниот бран
-
Eнормно зголемена потрошувачката на вода, неконтролирано се полеваат бавчи и ниви
-
Познат идентитетот на македонскиот државјанин кој загина во сообраќајката во Србија
-
Лишен од слобода возач кој вчера удри пешак во центарот на Скопје