Македонија
6. November 2017 - 16:47

ВМРО-ДПМНЕ бара откривање на вандалите врз споменикот на Александар Велики

Едно од најреперзентативните споменични обележја во градот под Марковите Кули, кое датира од 2006-та година, споменикот на Александар Македонски, викендов остана со половина копје. Кому и зошто му пречело копјето и зошто се уште не се откриени сторителите на овој вандалски чин, денеска запрашаа и од ОК на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи целосна одговорност од надлежните институции, како и од новата локална власт.
 
Со оглед на фактот што споменикот се наоѓа на Плоштадот кој го носи неговото име и каде што има и повеќе безбедносни камери, многу симптоматично е зошто се уште никој не е осоничен, а уште помалку повикан на одговорност, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ.
 
Инаку, во изминатите 12 години во Прилеп се поставија повеќе споменици  кои се од исклучително значење за културата и историјата на Прилеп и Македонија, меѓу кои и спомениците на сега оштетениот Александар Македонски, како и на Кралот Марко.