ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од министерот Филипче

Филипче потфрли! Секој 3 тестиран во Македонија вчера имал Ковид!
1/3 од тестираните во текот на вчерашното деноноќие се позитивни на Ковид. Тоа значи дека секој 3 тестиран имал Ковид. Филипче целосно потфрли.
Хаосот кој го живееме е резултат на неспособноста и незаинтересираноста на Венко Филипче. Го преспа цело лето, а не направи ниту еден нов болнички капацитет, не го зголеми медицинскиот персонал, ниту пак набави вакцина против сезонски грип.
Есенскиот бран на Ковид го фати целосно неспремен Филипче, иако самиот тврдеше дека на есен вирусот ќе биде појак, ништо не презема. Лошиот менаџмент со системот допринесе Македонија да е една од земјите на врвот во Европа по заразени на милион жители, но и починати. Ова е жално и трагично.
Се што направи Филипче е вперување на прстот за вина кон граѓаните. Граѓаните сега се виновни за неговата неспособност. Не се Филипче виновнк граѓаните. Преземи одговорност и дај си оставка веднаш.
Ново на Сител
-

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
-

Пехчево: Го затекнала сопругот со 68-годишна жена и ја нападнала, а подоцна тој физички ја нападнал неа
-

Браќа меѓусебно се пријавиле во полиција по физичка пресметка во демиркаписко
-

Жена со тротинет удрила велосипедистка во Скопје и избегала
