ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од директорката на Гинекологија
ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност и оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство Викторија Јовановска за починатите бебиња.
Како што изјави Марија Андоновска, на Гинекологија владее хаос, а граѓаните се секојдневно сведоци на трагични вести и загубени животи.
- Јовановска не смее да избега од одговорност за починатите бебиња само зашто е пријателка на сопругата на Зоран Заев, Зорица Заева. Таа е платена од граѓаните не за да креира хаос, туку за да ги решава проблемите, но го прави спротивното. Наместо постојано да мисли како да ги брани политичките ставови на нејзиниот близок пријател Зоран Заев и да пишува политички соопштенија, требаше да се грижи да не умираат новороденчиња. Сега е јасно дека нема капацитет за тоа. Најдобро, и за неа и за пациентите, е да покаже доблест и да се повлече, рече Андоновска.
Таа го обвини и министерот за здравство Арбен Таравари за, како што истакна, негрижа и несоодветни политики.
- Негрижата на Владата на СДС и Таравари за здравјето на граѓаните исплива на површина. Два дена криеја за починати три бебиња, па откако јавноста дозна, веќе стигна и втора вест за починато четврто новороденче. Колку новороденчиња треба да починат за Таравари, Владата на Заев или директорката Јовановска да прифатат одговорност, праша Андоновска и додаде дека граѓаните ќе го искажат својот став на претстојните локални избори.
Ново на Сител
-
Хамилтон: И да освојам титула нема да застанам тука
-
18 илјади сообраќајни казни од почетокот на февруари
-
Рубиалес парично казнет за бакнувањето фудбалерка
-
Можна градска пресметка Реал Мадрид – Атлетико во осминафиналето во ЛШ
-
Билјана Каракашева Шулев нова заменик претседателка на ДКСК
-
Халанд: Заедно повторно ќе се издигнеме
-
По 12-годишна пауза ќе се одржи скијачкиот Шарпланински куп
-
Лига на шампиони: Еурофарм Пелистер за нијанса подобар од Динамо Букурешт 25:24 (12:13)