Македонија
10. јуни 2023 - 16:33

ВМРО-ДПМНЕ бара одговор од СДСМ кој предлог е прифатлив, Ковачевски го повика Мицкоски да го преиспита ставот

СДСМ да каже кој од двата ппредлога кои ги постави ВМРО ДПМНЕ се прифатени, па дури потоа може да се разговара за продолжување на дијалогот, порача пратеникот Антонио Милошоски, откако владејачката партија преку работни групи побара да продолжи процесот на преговори.

Преодна влада без ДУИ, излегување на ДУИ од сите ешалони, и уставни измени кои би стапиле на сила само на денот на членството на Македонија во ЕУ. Предвремени избори оваа есен и обезбедени гаранции од европските институции за заштита на националните интереси на Македонија, се услови од кои не отстапува опозицијата.

Премиерот Ковачевски со порака до Мицкоски, да си ги преиспитаат ставовите кои ги изнеле на лидерското соочување. Тврди дека опозицискиот лидер презел обврска да го продолжи процесот. Доколку се повлекува од позицијата на лидерската  да го каже тоа јасно на нова средба...

Со дијаметрално спротивни позиции власта и опозицијата по лидерската средба се надмудруваат дали се согласни да се случи менување на македонскиот устав со вметнување на бугарската заедница и дали при евентуални измени тие да имаат одложено дејство до втората меѓувладина седница или до полноправно членство во Унијата.