ВМРО-ДПМНЕ бара итна исплата на субвенциите за тутунот
Владата утре да ги пушти субвенциите за тутунарите и секој производител до денар да ја добие поддршката, побара денеска ВМРО-ДПМНЕ и го обвини ресорниот министер Љупчо Николовски за манипулација.
- За разлика од претходните години кога субвенциите ги добиваа првите месеци, тутунарите сега, особено оние од Прилеп, Новаци, Кривогаштани, се уште ги немаат добиено и тоа е огромна, директна штета за илјадници семејства. Дополнителен револт кај нив предизвика изјавата на Николовски минатата недела, дека субвенциите за тутунот се исплатени. Земјоделците со денови чекаа пред банките, но субвенциите не им се исплатени, рече денеска Цветан Трипуновски на прес-конференција.
Според него, на повеќе од половина тутунопроизводители се уште не им се исплатени субвенциите.
- Затоа го прашуваме министерот, зошто се направи илјадници граѓани да чекаат пред банките за да видат дека субвенции нема? Апелираме да не си поигрува со тутунопроизводителите и да не ги лаже. Жално е и срамно е да си поигрува со илјадници тутунопроизводители, на 40 степени да чекаат со часови пред банките за да сфатат дека се изиграни, укажа Трипуновски.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ призна дека се во координација со ССМ
-
Трет правосуден форум за родова еднаквост во Западен Балкан
-
Таравари: Владата ќе реши дали албанска компанија ќе го земе паркингот кај Клиничкиот центар
-
Реновиран спрат на инфективната клиника
-
Поради ниската откупна цена, дел од јагнињата останаа непродадени
-
Охриѓани дишат загаден воздух, неопходно е креирање мерки и нивно доследно спроведување
-
Преглед на вестите од светот
-
Охриѓани дишат загаден воздух, неопходно е креирање мерки и нивно доследно спроведување