ВМРО-ДПМНЕ: Апсењето на Боки 13 е само дел од рекетарската приказна на власта
Кои се „Кики” и „Фрики” од рекетарските приказни објавени во медиумите и дали не се приведени само заради тоа што се високи функционери во СДСМ и знаат многу информации за криминалите на Заев и неговите соработници ?
Кој е јавниот обвинител и зошто неговиот идентитет се крие? Зошто само е побарано да го предаде телефонот кога за многу помали случаи, со фингирани белешки оваа власт упаѓала во домови и притворала?
Апсењето на Боки 13 е само дел од рекетарската приказна на власта.
Тие што имаа среќа да не го почувствуваат на своја кожа рекетот на власта, читаа како функционери на СДСМ блиски до Заев заедно со медиумски сопственик се заканувале на фирми и бизнисмени дека доколку не ја платат побараната сум, утре може да ги снајде некое злодело.
Зоран Заев ги деградираше и девалвираше институциите. СЈО го претвори во продолжена рака за заштита на сопствениот криминал и политички прогон врз неистомислениците. Мора да има одговорност за криминалите во СЈО.
Владеењето на оваа власт го бележат единствено криминал, корупција и расипништво. СДСМ и Зоран Заев мора што поскоро да си заминат за да се врати владеењето на правото и законите во Република Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
