ВМРО-ДПМНЕ: Актуелната Влада нема капацитет да ја води и развива економијата

Во услови кога Светска Банка во својот последен извештај за оценка на деловната бизнис клима нотира нарушување на условите за отворање и водење бизнис во Република Македонија, СДСМ предлага козметички мерки без никакви потенцијални позитивни ефекти.
За разлика од празните флоскули со кои СДСМ се обидува да ја замајува јавноста, реалните факти за состојбите во приватниот сектор и економијата се јасни и недвосмислени.
ФАКТ Е дека е влошена деловната бизнис клима, а потврда за тоа е падот на земјата за 7 места на ранг листата на Дуинг бизнис и изјавите на официјалните претставници на бизнис секторот дека 2019 е најлоша година за компаниите.
ФАКТ Е дека инвестициската клима во земјата е нарушена, а потврда за тоа е огромниот пад на СДИ од 164% во првите три квартали од 2019 година и негативната оценка на странските компании за зголемување на деловната несигурност во земјата.
ФАКТ Е дека воведувањето на прогресивното оданочување предизвика многу штети за македонската економија, особено за ИТ секторот поради што дел од ИТ фирмите го преселија својот капитал во соседните земји.
ФАКТ Е дека голем број на млади луѓе секојдневно ја напуштаат земјата бидејќи не гледаат можности за економски просперитет во земјата.
ФАКТ Е дека просечната плата во земјата е далеку од ветувањето од 30.000 денари.
ФАКТ Е дека економијата во време на СДСМ расте со просечна стапка од 2.4% што е далеку од ветувањето за раст на економијата од 5%
Има уште многу факти кои покажуваат дека оваа Влада на СДСМ на чело со Заев нема никако капацитет да ја води и развива економијата!
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
