Македонија
5. May 2022 - 13:46

ВМРО-ДПМНЕ: Активната блокада е барање на граѓаните

Активната блокада е барање на граѓаните, СДСМ создаде криза, сиромаштија, а зад завеса прави и криминал.

До 100% се зголемени цените на основните продукти, за 70% се зголемени цените на горивата, за 30% е зголемена цената на струјата, за 15% е зголемена цената на парното греење. Тоа е во поголем дел вина на СДСМ и лошото управување со државата заради криминал.

СДСМ и ДУИ ги предизвикаа сите кризи, и тие се единствено одговорни за националната катастрофа која ја живееме.

СДСМ сака да остане на власт за да продолжи да краде и да ги злоупотребува средствата од буџетот. Токму затоа се потребни предвремени парламентарни избори час поскоро.

Зошто ако остане СДСМ на власт долгот само ќе се зголемува, а инвестиции нема да има, сиромаштијата ќе расте, а криминалот ќе царува. Затоа предвремени парламентарни избори час поскоро.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ