ВМРО-ДПМНЕ: Ако навреме се набавеа вакцини бројката на новозаболени и починати ќе беше помала
Нема вакцини, а Филипче зборува за континуирана, дури и масовна вакцинација.
Филипче покажа дека не може да обезбеди на време вакцини, а не вакцинацијата да биде континуирана, уште помалку масовна.
Фактот е еден – вакцинацијата во Македонија доцнеше! Додека сите стартуваа со вакцини во декември, Македонија почна да вакцинира со донацијата од Србија во втората половина на февруари.
Во меѓувреме, нема ни доволно реагенси, нема ни тестови за корона.
За Филипче мерките дале резултатите и тој повторно се враќа на својата омилена, ама сосема погрешна констатација „ситуацијата е под контрола“.
Ако беше под контрола во период од јануари до сега ќе имаше 1.700 почонати? Не, ако набавеше вакцини и почнеше на време со вакцинацијата ќе имаше граѓани кои ќе стекнеа имунитет и бројката на новозаболени и на починати ќе беше далеку помала.
По сето ова Филипче треба да замине од функцијата, а секако и да одговара!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи