ВМРО-ДПМНЕ: 120 милиони евра за проекти во над 40 општини
Над 120 милиони евра за проекти. Се реализираа или се отпочна со реализација во патна инфраструктура, градба на надвозници, клучки, нови улици, булевари или нивна реконструкција во вредност од над 36 милиони евра.
Се изградија и реконструираа водоводни и канализациони мрежи за една година во вредност од над 20 милиони евра.
За една година се отпочна со реализација на голем број на градинки низ цела Македонија. Денес речиси и да нема општина каде нема дополнет капацитет или градба на нова градинка, или приспособување на просторни услови за тоа. За само една година се почна со градба или реконструкција на градинки во вредност од над 9 милиони евра.
Се инвестира и во основните училишта. За градба или реконструкција на основни училишта се инвестираа повеќе од 19 милиони евра.
Секојдневно се врши некое хортикултурно уредување. За нови паркови и зелени површини се почнаа инвестиции во вредност од речиси 4 милиони евра, додека за зачувување на животната средина и проекти од оваа област се инвестираат нови 2 милиони евра.
Во културата се вложени 2.5 милиони евра, додека пак за спортот и спортски објекти за најмладите се инвестира повеќе од 7 милиони евра.
ВМРО-ДПМНЕ во општините каде е локална власт се грижи и за ранливите категории граѓани, за кои преку различни програми се предвидени 1.5 милиони евра.
Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ 365 дена работат за подобри општини.
Ново на Сител
-

Ангелов: На ДЗС и се потребни поранешни припадници на полицијата, армијата и противпожарните единици
-

СП 2026: Норвежаните носат 300 килограми риба и познати готвачи
-

33-годишник со месеци силувал малолетничка додека престојувал во нивниот дом во светиниколско
-

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи
-

ФФМ ќе чека судска одлука за „случајот Башкими“
-

АПИС: Предложениот Закон за игри на среќа е недозволиво да се носи набрзина
-

Николоски: Железничкото поврзување со Бугарија ќе биде завршено до 2031 година
-

Трамп упати остри закани до Техеран: Иран премногу одолговлекуваше во преговорите, сега ќе мора да плати
