ВМРО-ДПМНЕ: 100 дена влада, а од Македонија има се помалку
100 дена влада, исто како 5 години неуспеси и предавства, од Македонија има се помалку.
100 дена влада 1 милијарда задолжување. Ова се пари кои оваа влада ќе ги позајми за одржување на ликвидност, затоа што економијата пропаѓа од нивните лоши политики.
100 дена влада, еден обид за криење на убиство, украдено оружје од полициска станица во Охрид, украдено масло од марихуана вредни над 2 милиони евра од објект со десетици камери.
100 дена влада, отворање на клуб „Ванчо Михајлов“, со профашистички тенденции.
100 дена влада, 100 дена порази.
100 дена влада и 5 години СДСМ, 100% поскап леб, брашно, зејтин, 70% поскапи горива, 30% поскапа струја, 15% поскапо парно греење, а платите не се зголемија ниту еднаш.
100 дена влада и 5 години СДСМ, криминал и корупција во врвот на власта. Се бараа провизии за вакцини, тендери се местеа за блиски од власта, РЕК Битола се остави без јаглен на почеток на грејна сезона.
Вице Заев се бришеше од кривични пријави, Рашковски местеше тендери, Ден Дончев ставаше туциња пари во торба, Мухамед Зекири делеше милиони без тендерска постапка, и додека се ова се случуваше Љупчо Николовски се фалеше дека запленил две кутии путер со истечен рок на употреба.
Не смее да се заборави дека ненадмината лага за овие 5 години е вработување на 300 пилоти ветено во Арачиново лично од Зоран Заев и Оливер Спасовски.
5 години СДСМ, 5 години како земјоделците мака мачат да го продадат произведеното. 5 години СДСМ, 5 години лаги дека само што не сме добиле датум за преговори, 5 години разочарувања и обезличувања.
Ново на Сител
-
СДСМ: Да се повлече законот за основно образование
-
МВР ги претставува резултатите од сработеното
-
Гаши ги понижи албанците
-
Реформи во јавната администрација
-
Преглед на вестите од свет
-
Синдикатите и работодавачите со различни ставови за „недела неработен ден“
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија и труд
-
Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница