Влијанието на телевизорот и компјутерот врз детето
![]()
Анализа заснована врз 58 различни истражувања од 23 земји, открива дека времето минато пред телевизор или компјутер со видеоигри води до пониски оценки в училиште.
Видеоигрите имаат влијание пред сѐ кај тинејџерите – кај нив се појавуваат таканаречените неквалитетни одлуки и проблеми со помнењето. Од друга страна, пак, компјутерските игри ја развиваат моториката и ориентациските способности на децата.
Препорачливо е децата под 18 месеци да не се изложуваат на никаков уред со екран, освен ако не се работи за видеоразговор со блиските. Научниците посочуваат дека телевизорот лошо влијае врз развојот на комуникациските способности и на социјализацијата кај бебињата и малите деца.
За двегодишните е дозволено учењето зборови од таблет, но тоа е поделотворно во присуство на родител. Децата меѓу три и пет години може да имаат полза од образовните телевизиски серијали, преку коишто учат и си ги подобруваат умствените способности. Од друга страна, пак, многу од содржините и апликациите за паметни телефони и таблети всушност и не се така квалитетни како што се претставени.
Кај децата на шестгодишна возраст и постари, се препорачува родителите да стават ограничување во времето пред телевизор. За нив е важна и комуникацијата родител – дете, т.е. да се објаснуваат содржините со коишто децата се среќаваат на интернет.
Целта е децата кои штотуку тргнуваат на училиште да имаат одредена резерва кон интернет-содржините, за да не станат жртви на дезинформации. Особено е битно тие да го разберат концептот на рекламите, како и поимите „хакер”, „интернет-трол” и „спам”.
Надзорот од родителите се препорачува и при гледањето телевизија и играњето компјутерски игри со своите деца.
Ново на Сител
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
-

АХВ продолжува со вонредните инспекциски контроли на зелените пазари - запленети уште 5 тони небезбедна храна
-

Преглед на вестите од светот
