Свет
2. July 2016 - 11:02

Влезе во сила одлуката за продолжување на санкциите на ЕУ против Русија

Денеска и официјално влезе во сила одлуката на ЕУ за продолжување на санкциите против Русија за нови шест месеци, пренесе ТАСС.

Одлуката денеска беше објавена во Официјалното гласило на ЕУ.

Советот на ЕУ вчера официјално ја донесе одлуката за продолжување на санкциите.

Одлуката е во сила до 31 јануари 2017  година. Нејзиното објавување во Официјалното гласило на ЕУ е само технички чекор. Политичката одлука за продолжување на санкциите беше договорена уште на 21 јуни, на седницата на Комитетот на ЕУ на ниво на постојани претставници.

ЕУ планира есенва да оддржи тематска расправа за односите со Русија и за санкциите кон неа.

Во моментов кон Русија се активни три независни, еден од друг, пакети санкции на ЕУ.