Македонија
19. January 2024 - 14:07

Влатко Тодоровски е среќниот верник кој го фати светиот крст во Тромеѓа

На комплексот „Александрија“ во Тромеѓа по повод празникот Богојавление (Водици), се собраа мештаните на осветување на вода, при што Тодоровски беше најсреќниот верник кој прв дојде до светиот крст.

Ова е втор пат 21-годишниот Влатко Тодоровски да учестува во ваков вид манифестација, и втор пат е фаќач на крстот.

– Среќен празник на сите верници, за многу години, нека носи среќа, здравје и радост на сите, вели тој.