Свет
11. August 2015 - 16:56

Властите прогласија вонредна состојба во Фергусон

Американскиот град Фергусон повторно го тресат расни немири.  50 демонстранти се приведени во синоќешните судири со полицијата, на вториот ден од протестите со кои се одбележува првата годишнина  од смртта на  Мајкл Браун , афроамерикански тинејџер кој беше застрелан од полицаец белец. За да се избегне ново насилство во овој мал град, со мнозинско црнечко население , властите прогласија вонредна состојба .

Јапонија го рестартира првиот нуклеарен реактор, граѓаните протестираат

Реакторот на нуклеарната електрана Сендај на југот на Јапонија од  утрово повторно е вклучен. Ова е прво активирање на реактор  од 2011 година отккао властите ги затворија сите низ земјата, по цунамито кое предизвика дефект  на нуклеарната централа во Фукушима.  Вклучувањето на реакторот, беше пропратено со протести на околу 200 противници на користењето на нукеларната енергија. -

- Се надевам дека ќе се предомислат. Животот и опкружувањеto се поважни  од економијата

- Овие нови стандарди кои владата на Абе ги договори со нуклеарната регулаторна агенција, само малку го подигаат нивото во однос на земјотреси и цунамија, но во суштина тие се полни со пропусти“, вели друг демонстрант.

Турција ги зајакна бомбардирањата врз курдските бунтовници

Турски воени авиони  од ноќеска бомбардирааат позиции на на курдските работничка партија во југоистичниот дел на Турција. Воздушните удари  уследија откако во текот на вчерашниот ден 9 лица загинаа во бранот напади врз безбедносните сили  во неколку турски градови,  за кои властите во Анкара ги обвинија курските бунотвници.