Власта одби да гласа за разрешување на Катица Јанева во Собранието
Власта одби гласањето за разрешување на Катица Јанева да се најде на дневен ред на денешната седница на Собранието.
Мнозинството на СДСМ и ДУИ со 58 гласа го одби предлогот на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, одлуката за разрешување на Јанева да се стави како прва точка на дневниот ред на денешната седница.
Мицевски рече дека власта свесно го избегнува разрешувањето на Јанева бидејќи ова е последна седница на Собранието пред 15 септември кога и законски истекува нејзиниот мандат. Според Мицевски ова е јасна порака дека власта се става во одбрана и заштита на катица Јанева.
Талат Џафери во процедурална забелешка потенцираше дека нема никаква правна пречка разрешувањето на Јанева да се најде на денешната седница, порачувајќи дека таа точка не ја ставил на дневен ред проади тоа што имало начелен договор меѓу партиите разрешувањето на Јанева да оди на посебна седница, без да прецизира дали воопшто има време таа да се закаже пред 15 септември.
По ова, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја обвини власта дека се става во заштита на Јанева која се наоѓа во притвор и побара 1 час пауза за да може да искомуницира со медиумите и да им ја објасни новата ситуација.
Од СДСМ се уште нема коментар. Тие прес конференцијата на својот портпарол Костадин Костадинов ја најавија за во 14 часот.
Прес конференција се очекува да има и пратнеичката група на ВМРО-ДПМНЕ.
За разрешување на Јанева потребно е двотреринско мнозинство.
Декларативно сите пратенички групи најави дека ќе гласаат за нејзино разрешување откако таа беше уапсена во аферата рекет и и беше одреден притвор.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ
-

Филипче: Растат авторитетните тенденции
-

“Стоп за Усје” одржа протестен марш во Скопје
-

УПОЗ го прифати владиниот предлог - административците ќе добијат повисоки плати за 40%
-

Утре стартува Сејф сити, казните за возачите ќе бидат од 15 до 500 евра и одземање возачки дозволи
-

Апсурдна е пресудата за новинарката Вејсели, реагираат медиумските организации и властите
-

Мицкоски за нон-пејперот на Кос: Наше е да работиме за полноправно членство во ЕУ
-

Доколку и во иднина има блокади на балканските транспортерите штета ќе има цел Балкан, но и Европа
