Власта негира дека секојдневните огласи во администрацијата се партиски мотивирани
Сеедно дали се предизбори, новите вработувања во повеќето случаи се потребни. Министерката за финансии вели дека тие издаваат согалсности за вработување ако институцијата има пари во буџетот за тоа.
Во последните неколку дена објавени се осумдесетина огласи за нови вработувања во администрацијата. Ангеловска новите огласи не ги поврзува со престојните избори туку со потребите на институциите.
Минатата недела беа објавени огласи за нови 35 вработувања во МИО за плата од 21.000 до 33.000 денари. Оттаму велат дека во изминатиот период си заминале повеќе од 130 лица. Дел од позициите биле пополнети, а дел се пополнуваат сега.
18 лица се бараат и за Управата за извршување санкции во рамки на Министерството за правда за плата од околу 25.000 денари евра.
Вработува и ЈП за железничка инфраструктура. Бараат 13 работници за плата од 18.000 до 28 и пол илјади денари.
Вработува и Центарот за управување со кризи. Бараат 8 работници за плата од 17.500 до 32.600 денари. Според образложението од таму, систематизацијата предвиддува над 500, а пополнети биле 290 работни места.
Министерот за информатичко општество неодамна изјави дека вработувања во јавната администрација нема да се сропираат поради изборите, затоа што институциите имаат потреба од кадар.
-
Наташа Хаџиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар