Македонија
13. January 2019 - 16:07

Власта не ја отфрла опцијата за предвремени избори, но смета дека фокус треба да биде евроатланската интеграција на Македонија

Ако има предвремени избори ќе има и техничка Влада според  пржинскиот договор. Вицепремиерката Шеќеринска вели дека ваквото барање на Мицкоски ќе биде сериозно разгледано од партиските органи, но убедена е дека предвремени избори во овој момент не сака ниту опозицијата.

Партијата на Ахмети пак останува на истиот став од пред рефередумот. Според ДУИ сите политички сили во моментов треба да бидат фокусирани на остварување на европската агенда, а не на организирање нов изборен процес.

Веднаш по усвојувањето на уставните измени, лидерот на опозицијата побара распуштање на Собранието уште утре и распишување предвремни избори задно со претседателските. Мицкоски е сигурен дека граѓаните ќе ги поразат како што вели антидржавните политики на СДСМ, а тој ќе стори се за да ја оправда нивната доверба.