Македонија
20. April 2023 - 16:56

Власта не ги прифати амандманите, затворена расправата по предлог Законот за минерални суровини

Со одбивање на 4те амандмани на ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО народна партија денеска заврши комисиската расправа за измените на Законот за минерални суровини. Опозицијата преку амандман се обиде да го спречи законското зголемување на рокот од 3 на 6 месеци во кој инвеститорот на коридорите ќе може да ги користи сите минерални суровини кои ќе се најдат на трасата.

Дебата и денеска помина со меѓусебни обвинувања помеѓу власта и опозицијата. За опозицијата е нејасно како се предложуваат измени на закони за договор кој никој го нема видено. Според власта пак изграбата на коридорите 8 и 10д е историска.

Во Собранието се уште нема најави кога ќе продолжи комисиската расправа за законските измени со кои работната недела треба да се зголеми од 40 на 60 работни часа. Расправата заглави откако Левица поднесе 1111 амандмани.