Власта и опозицијата се уште заглавени во договорот
Блуску до договор, но се уште без разрешница изборот на нов состав на Државната изборна комисија и пакетот на закони кои ги договараат власта и опозицијата по лидерската средба. Според неофицијални информации Законот за финасирање на политичките партии и измените во Законот за влада за воведување на техничка влада по пржински модел пред избори веќе се изготвени. Сепак тие нема да бидат пуштени во собраниска процедура се додека не биде договорен целиот пакет. Најспорна точка според неофицијални информации е измена на член на Кривичниот законик, поврзан околу финансирањето на партиите и висината на казните.
ВМРО-ДПМНЕ инсистира прво да се договорат сите законски решенија, па дури потоа да се продолжи со изборот на ДИК.
Од владејачката партија велат дека ВМРО-ДПМНЕ ги кочи сите реформски процеси и инсистира на амнестија.
Од друга страна, пак, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека воопшто не се разговарало за амнестија и дека тоа е обид на власта за манипулација и дефокусирање на јавноста.
Зијадин Села пак, бара неговата Алијанса за Албанците да има член во ДИК и да биде дел од преговорите за референдумот. Села најави амандмани кога на ред ќе дојдат уставните измени и во делот на преамбулата и државјанството и во делот на службените јазици.
Синоќа, Комисијата за избори и именувања ја утврди листата од 47 кандидати за членови на ДИК и ја испрати до собранискиот спикер. Талат Џафери од синоќа очекува партиите да му одговорат по кои кандидати ќе ги поддржат, за да може да закаже седница. Се чека и на седница за измените во трите закони кои се договараат, како и за распишување на референдумот. Најавите се дека седниците би биле закажани најдоцна до сабота.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
