Македонија
15. May 2018 - 16:23

Власта и опозицијата се договорија за привремено решение за ДИК

Македонија ќе добие нова изборна комисија до средината на јуни откако пред неколку месеци членови на досегашниот состав на ДИК поднесоа оставки поради притисокот на јавноста за тоа дека си доделија висок бонус од неколку илјади евра за локалните избори. Се работи за привремено решение кое го договориле партиите додека власта и опозцијата додека не се усогласат каков ќе биде конечниот состав на највисокото изборно тело. Измените на изборниот законик треба да се најдат пред пратениците на 21 мај. Предлог измените  се потпишан од координаторите на четирите најголеми партии во Собранието: СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Беса

Ова е прва фаза од преговорите за изборни реформи во партиските групи.

Партиите договориле ДИК да биде составен од 7 члена. Опозицијата ќе има претседател и двајца членови, додека власта ќе го има мноизнството со 4 члена. Членовите ќе се избираат со 2/3 мнозинство и ќе имаат мандат од шест месеци.

Со ова на сила се враќа старот модел пред пржинскиот договор со кој во Државната изборна комисија беа внесени експертски членови.

Партиите до крајот на есента пак, треба да донесат измени и во изборниот модел. СДСМ предлага една изборна единица. ВМРО-ДПМНЕ допрва ќе одлучува дали е прифатлив ваквиот предлог иако координаторот Данев нема ништо против отворени листи.

Со измените на Изборниот законик ќе престане мандатот на Асани Салија која единствнео не поднесе оставка како член на ДИК, а ќе пропадне и огласот за нов состав на ДИК кој неодмна го предложи пратеникот Антонијо Милошоски.