Бизнис
18. May 2018 - 19:39

Власта и опозицијата расправаа за цената на акцизата на нафтата

Неодговорно е што  власта  ја зголеми акцизата на нафтата во услови кога расте цената на светските берзи, обвини опозицијата на првото читање на нивниот предлог да се врати стариот износ. Велат дека Владата ги игнорира предупредувањата од експертите дека поскапувањето на дизелот ќе продолжи. Опозицијата смета дека неосновани се и оправдувањата  дека парите што ќе се приберат од оваа мерка ќе се наменат за намалување на загаденоста. Според нив најпогодени се домаќинствата.

Од власта пак ги обвинија претходниците за непродуктивни трошења. Според нив предлог законот на ВМРО не е во интерес на граѓаните. Собраните пари од зголемената акциза на дизелот ќе се трошат за проекти во здравството и образованието.              

Ставот на финансии е дека со предлогот на опозицијата ќе се намалат буџетските приходи и ќе се зголеми загадувањето.

Матичната комисија за финансирање и буџет го одби предлогот на опозициујата измените да продолжат во второ читање. Конечната одлука ќе се донесе во понеделник на пленарна седница.