Македонија
8. May 2018 - 16:04

Владините министри немаат ништо против назначувањето на Хоџа - ВМРО-ДПМНЕ бара договорот веднаш да се раскине

Командант Хоџа нема обврска да доаѓа на работа во Владата секој ден за да го добие месечниот надоместокот од 600 евра.

Според објаснувањето на владиниот портпарол Миле Боњаковски, Џезаир Шакири, алијас Командант Хоџа е ангажиран на позицијата надворешен соработник што значело дека тој има само времен договор и има обврски во рамките на одредени активности кои немаат потреба од дневни работни процеси.

Според претходно објавенотото Хоџа е надворешен соработник на Заев од областа на внатрешната безбедност и борбата против радикализмот.

Шаќири и Заев рекоа дека висината на надоместокот, кој изнесува околу една ипол просечна плата, е колку за преживување. Висината на неговата плата не соодветствува и со онаа која ја земаат јавните административци од највиосок ранг. Тоа е така, вели министерот за администрација Дамјан Манчевски, бидејќи Шаќири не е административец.

Од опозциската ВМРО-ДПМНЕ и денеска побараа веднаш да се раскине договорот со Шакири.

За министерот за внатрешни работи, кој има директна одговорност за безбедноста, ангажирањето е позитивен исчекор.

-Добро е што е во системот и сака да биде во него, отколку да не сака да работи за Владата и безбедносните структури, тоа би било проблем и за замислување, изјави министерот Спасовски.

Безбедносните екперти велат дека мора точно да се одреди кои информации од безбедносен карактер ќе може да ги користи надворешнит советник на Заев.

Освен Шаѓири, во медиумите излезе и списокот на досегашните советници и соработници на Заев. Се работи за 56 луѓе со различни титули меѓу кои и Миле Зечевиќ, Драгиша Милетиќ, Фатмир Бесими, Гордан Калајџиев, Мирослав Грчев, Мерсељ Биљали, Ванчо Узунов.

Според Манчевски, дел од нив работеле без надоместок. За тие пак, што работата за плата нема информација за колку пари се работи.