Бизнис
6. July 2015 - 19:56

Владините мерки за самовработување отворија 4.200 работни места, во тек е нов оглас

Македонските компании се повеќе ги користат мерките  за зголемување на вработувањата. Скопската фирма Даути Комерц со мерките за  кредитирање вработила 31 лице, од кои најголем дел се млади до 29 години.

Фирмата Даути е уште еден успешен пример, која  со евтините кредити од државата,  го зголемила бројот на вработени.

Поради големиот интерес , од денеска стартуваат нови огласи за четири мерки за кредитирање,  со кои оние кои веќе имаат сопствен бизнис ќе можа да го зголемат бројот на вработените  и да го прошират, бизнисот,  а невработените лица,  да ја реализираат својата идеја и да отворат своја фирма. 

Износот на кредитот може да биде од  5.000 до 23.000 евра, со камата од еден процент.

За да им се помогне на сите заинтересирани лица, огласот ќе биде поделен на два дела.

Досега со мерката кредитирање за отворање на нови работни места и за самовработување, вработени се над  4. 200 лица.