Владина криза во Грција поради изјава на заменик-министер
Нафтемборики - Атина
Предизвикана е криза во грчката Влада, а повод за неа беше изјавата на заменик-министерот за транспорт, инфраструктура и информатички технологии Панајотис Сгуридис.
За едно локално радио заменик-министерот реколл дека премиерот Алексис Ципрас ги залажал земјоделците и го споредил однесувањето на Ципрас со тоа на неговите претходнци Јоргос Папандреу и Андонис Самарас.
Конкретната изјава на Сгуридис буквално го разглневи премиерот Ципрас, кој бил информиран за неа за време на средбата со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер во Брисел.
Тоа беше нешто што уште повеќе ја отежна ситуацијата во која падна заменик-министерот, кој е и пратеник од партијата Независни Грци, коалициски партнер на Сириза во Владата.
Во моментот кога премиерот водеше „битка“ во Брисел за грчките проблеми и кога во земјата Владата е исправена пред острите реакции на земјоделци, еден министер со изјава буквално долеа масло на огнот, рече претставник од кабинетот.
Лидерот на партијата Независни Грци и министер за одбрана во Владата, Панос Каменос, се впушти да ја „спасува“ незгодната ситуација. Тој му се јавил на Сгуридис и побарал од него да се корегира.
Дотичниот заменик-министер го стори тоа што лидерот го побара од него, но без успех, затоа што незадоволството веќе е изразено на ниво на цела Влада и тоа го натера Панајотис Сгуридис да си поднесе оставка.
Од Кабинетот беше прецизирано дека самиот заменик-министер се почувствувал засегнат, па затоа самиот му ја врачил оставката на премиерот.
Ново на Сител
-
Удрен пешак во Скопје
-
Повредени две деца и две жени, возач удрил во нивното возило и избегал
-
Нов голем напад на руските сили врз украинската енергетска инфраструктура
-
Од утре попладне пороен дожд и грмежи
-
Приведен дилер во Куманово
-
Приведен крадец во Маџари
-
Мицкоски најави прва инвестиција во вторник
-
Почна пленарната седница за избор на владата