Владимир Ристов: По победата на ВМРО-ДПМНЕ најголема обврска на општина Струмица ќе биде да ги задоволи потребите на младите
Кандидатот од Советничката Листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија – Владимир Ристов ги промовираше дел од проектите во програмата.
Потенцира дека веднаш по победата на ВМРО-ДПМНЕ, најголема обврска на општината ќе биде да ги задоволи потребите на младите и да го подобри квалитетот на нивниот живот преку нивно активно вклучување во локалната заедница.
-Ќе поддржиме младински невладини организации во сите области на дејствувањето. Ќе промовираме и поддржиме волонтерска работа со цел да им помогнеме на младите полесно да дојдат до вработување. Ќе изградиме нова современа читална со цел да им помогнеме на учениците и студентите во секојдневните обврски на образованието. Општината ќе обезбеди средства за субвенционирање на младите за полагање на возачкиот испит. Изборот ќе се врши на транспарентен начин, за што ќе се донесе правилник со критериуми, рече Ристов.
Вели дека општината со низа иницијативи и програми ќе го помага и стимулира рекреативниот и професионалниот спорт.
-Програмата предвидува зградба на спортско рекреативен комплекс на влезот на градот Струмица, изградба на современа велосипедска патека со посебна подлога која покрај градското подрачје ќе го опфаќа и потегот помеѓу Куклиш и Банско, изградба на тениски терени во Струмица со современа подлога согласно со светските стандарди, поддршка на талентирани и успешни спортисти преку зголемување на буџетот на општината за спортските активности, градоначалникот, финансиски и институционално ќе ги поддржи културно- забавните манифестации со што ќе се подобри културно-забавниот живот,посочи Ристов.
Истакна дека тие почнале позитивна кампања во која секојдневно ја имаме поддршката од сериозни и искрени млади луѓе.
-Во нашите настани младите имат можноста да се запознат со Програмата и директно да остварат средба со советниците и кандидатот за Градоначалник господин Марјан Бајрактаров. Како врсници на независноста на татковината знаеме дека никогаш не беше лесно и дека секој интелигентен млад човек разбира дека ова не се само локални избори. Нашата задача и овој пат е голема и важна: секој да ги убеди своите познаници и пријатели дека: гласајќи за редниот број 13 пред Листата за Совет на Општина Струмица и Кандидатот за Градоначалник Марјан Бајрактаров заедно градиме подобра иднина, истакна Ристов.
Ново на Сител
-
Таравари излегува од Владата
-
Крис Павловски: Фокусирајте се на енергија, на вештачка интелегенција и на крипто и ќе имате голем просперитет
-
Трамп: Можеби ќе им се придружам на Путин и Зеленски на преговорите в четврток во Истанбул
-
Алијансата за Албанците (AA) на Таравари одлучува дали ќе остане во Владата
-
Сиљановска-Давкова на средба со претставници на македонската дијаспора: Се работи на формирање Совет за дијаспората
-
Во Брисел ќе се расправа за подобра заштита на младите на интернет
-
Шест Бугари осудени на затвор во Велика Британија поради шпионажа за Русија
-
Пожар во куќата на британскиот премиер во северен Лондон