-->
-->
Владимир Путин ја откажа посетата на Париз на 19 октомври
-->
Рускиот претседател Владимир Путин нема да оди во Париз на 19 октомври, откако го одбил предлогот на францускиот колега Франсоа Оланд средбата да биде посветена само на преговорите за Сирија.
- Имаше контакти меѓу Кремљ и Елисејската палата утринава, со предлог Путин да замине во работна посета, посветена на Сирија, но при оваа посета претседателот Оланд да не учествува во никакви други настани, изјави извор од Елисејската палата, пренесува БТА.
- Како одговор на овој предлог, Русија соопшти дека сака да биде откажана посетата, предвидена за 19-ти октомври, додаде изворот, јавуваат француските медиуми.
Рускиот претседател требаше во Париз да ја отвори новата руска православна катедрала и да посети изложба на руска уметност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра