Loading Video...
Бизнис
26. September 2015 - 16:49

Владимир Пешевски во посета на општина Петровец

Општина Петровец се повеќе се модернизира. Условите за живот на жителите се се олеснуваат со бројните проекти кои државата во соработка со општината ги реализира. Индустриската зона Ќојлија преполна со инвеститори, а како што истакна вицепремиерот Пешевски зоната е успешен пример за соработката помеѓу општинскатa и централната власт. Сите парцели во зоната се распродадени а наскоро се планира и проширување.

Градинката чијашто изградба започна пред еден месец, ќе биде готова наскоро и ќе ги отвори вратите за 80 деца, а до Нова година ќе започне со работа и болницата со најсовремена опрема и капацитет од 400 кревети, која ќе донесе 75 вработувања на медицинските кадри.

Вицепремиерот Пешевски разговараше со граѓаните и вети решавање на одредени проблеми со кои се соочуваат.

Населените места во општината се покриваат со комплетна водоводна и канлизациска мрежа, а средставата се обезбедени од Европската инвестициска банка.

Интензивно се градат и локалните патишта како и улиците во општината.