Владимир Чадиковски поднесе оставка во болницата на Жан Митрев
Детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски денеска поднел оставка во болницата на Жан Митрев, каде е во работен однос од февруари годинава. Чадиковски за Сител ја потврди информацијата и рече дека оставката веќе е депонирана. Неофицијално, дознаваме дека деновиве од кај Жан Митрев ќе заминат и останатите членови од тимот кои заедно со Чадиковски преминаа во приватната болница. Засега нема информации каде ќе продолжат со работа.
Чадиковски, кој е единствен лиценциран детски кардиохирург, по 21 година поминати на Клиниката за детска хирургија, премина во болницата на Жан Митрев за изведување на операции на срце кај бебиња и деца во современи услови. Таков беше договорот меѓу државата и болницата на Жан Митрев а Фондот ги покрива операциите.
Претходно имаше план државна детска кардиохирургија да има на скопските клиники, но откако тој план пропадна, се случи договорот со Жан Митрев.
Неофицијално, тимот предводен од Чадиковски, биле разочарани поради неисполнување на условите кои биле ветувани со склучување на договорот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета
-
Македонија и Унгарија потпишаа договор за стратешка соработка
-
Претседателката: Не е проблем да разговарам со премиерот Жељасков
-
Правда финализираше пет закони од Реформската агеда
-
СЗДСМ - или современи помагала или лицата со дијабет ќе излезат на протест
-
Меџити: Забранивме 226 онлајн коцкарници – ова е директен удар врз криминалната мафија