Владиката Јосиф испрати празнична честитка до верниците во Тетовско-гостиварската епархија
Митрополитот на Тетовско-гостиварската епархија, г. Јосиф во пригодно обраќање им го честиташе најголемиот празник на верниците Воскресение Христово – Велигден.
– Со Воскресението Христово започнува нов живот за човечкиот род. Со него не може да се спореди ниту еден настан, ни по големина, ни по значење, ни по таинственост. Со Воскресението, животот и науката Христови добиваат полна смисла и објаснување. Евангелието се потврди како спасоносна вистина, а воскреснатиот настан потврдува дека сме создадени за живот. „Јас сум Воскресние и живот, кој влегува во мене и да умре ќе живее“. Христос Воскресна и со тоа не направи учесници во вечната победа над смртта, објавувајќи ни го патот на нашето Воскресние. Возљубени чеда на тетовско-гостиварската православна епархија при Македонската Православна Црква Ви го честитам најрадосниот празник со најрадосниот поздрав: Христос Воскресе-Навистина Воскресe, порача митрополитот г. Јосиф.
Вечерва петнаесет минути пред полноќ г. Јосиф ќе изврши трикратен опход околу Соборниот храм Свети „Кирил и Методиј“ во Тетово по што ќе започне Воскресната литургија.
Ново на Сител
-

Празнична атмосфeра во Охрид
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
-

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
-

Алергиите кај деца во подем - кивање, чешање на очи и на нос
-

Зголемена фреквенција но не и застој
-

Велики петок, најтешкиот ден во христијанството
-

Историски исчекор за МПЦ во Италија
-

Утре САД и Иран на преговори во Пакистан
