Владика Варненски Јован: Прашањето за МПЦ треба канонски да се разгледува
Прашањето за Македонската црква е сериозна тема што треба одговорно и канонски да се разгледува. Тоа мора да биде решено на многу одговорен начин, при што ќе се почитува и православниот каконски ред, изјави денеска митрополитот Варненски и Великопреславски Јован, прашан дали Бугарската патријаршија ќе стане мајка на Македонската православна црква, пренесува БТА.
- Дали треба или не треба, тоа е прашање што треба да биде разгледано откако ќе се слушне мислењето и на другите цркви, рече владиката Јован.
Прашан кога ќе биде разгледано писмото од МПЦ, тој одговара дека тоа е проценка на Светиот синод на БПЦ и оти е прашање што вклучува многу луѓе.
За тоа дали решението за МПЦ може да биде донесено во наредните денови или ќе биде потребен подолг период, владиката Јован вели дека дека „брзите решенија никогаш не се добри“.
Тој не прецизира дали прашањето за МПЦ ќе биде разгледувано за време на претстојната посета на бугарскиот патријарх Неофит на Москва. Вели дека посетата на поглаварот на БПЦ на Москва има конкретен повод, а тоа е 100-годишнината од интронизацијата на Светиот патријарх Тихон.
- Посетата на Москва ќе се реализира од 1 до 8 декември, но јас нема да учествувам во делегацијата, изјави митрополитот Јован пред денешната утриснка литургија во црквата „Свети Александар Невски во Софија“.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Карпош, зафатени повеќе куќи
-
11-годишно дете се бори за живот по тешка сообраќајка на патот Прилеп–Градско
-
ЦУК: Активни осум пожари, 12 изгаснати, еден ставен под контрола
-
На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу еден час
-
Сиљановска-Давкова: „Галичка свадба“ ја отсликува македонската народна традиција и култура
-
Мицкоски: Автопатот кон Охрид со години беше симбол на застој- сега ќе биде симбол на успех и одговорна работа
-
Убиецот ги поканил роднините на гости, инсистирал да присуствува и детето - Расчистено е тројното убиство
-
Мицкоски присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј