Владика Петар: Официјалното признавање на МПЦ е само преку Цариградската патријаршија
Во очекување сме на одговор од вселенската Патријаршија и од Вселенскиот Патријарх на писмото што го испрати МПЦ и тоа ќе биде, најверојатно, кога ќе се создадат можностите приликите за да започнат официјални преговори. Официјалното признавање на МПЦ е само преку Цариградската патријаршија, изјави владиката Петар денеска во Прилеп, кој чиноначалствуваше со богослужбата во прилепската црквата „Свето Благовештение“.
– Досега имаше неофицијални, но очекуваме известување за да започнат официјалните разговори. Признавањетона автокефалноста на МПЦ е преку Цариград. А признавањето од една, две или три Цркви е една работа. Се додека Цариградската патријаршија, или цариградскиот Патријарх не потпише томус за признавање на автокефалност, не би можело да биде прифатено признавањето афтокефалност на која било црква, објаснува владиката Петар.
Политичките доближувања со соседните држави може да придонесат за признавањето на МПЦ. Што се однесува до заедничкото патување во Ерусалим помеѓу архиереите на МПЦ и на БПЦ, тоа е формалност, зашто секој архиереј ќе го прими благодатниот оган за својата Црква.
– Ние повеќе години го примаме благодатниот оган од Ерусалим, но годинава нашиот блажен Архиепископ одлучи да испрати наш архиереј во Ерусалим. Се разбира дека ќе има и архиереј на Бугарската православна црква и заедно ќе бидат во Ерусалим и секој архиереј ќе си го донесе за својата црква благодатниот оган. Разликата е што овој пат архиереите на двете цркви, на МПЦ и на БПЦ ќе патуваат заедно, со авион, најверојатно на владата на Бугарија, рече владиката Петар.
Ново на Сител
-
Приведен жител од скопско кој силувал деветгодишно девојче
-
Осуденик за „убиство“ усмртил осуденик за „семејно насилство“ при тепачка во психијатриската болница во Бардовци
-
69-годишник тешко повреден откако бил прегазен со мотоцикл во Тетово
-
Русија ги обвини САД за нелегален трговски притисок врз Индија
-
Возач од Македонски Брод возел со 2,39 промили алкохол во крвта
-
Нестабилно со дожд и грмежи, следните три дена пораст на дневната температура
-
Спречен шверц на цигари во вредност од скоро 4.000 евра - пет лица добиле кривични пријави | ФОТО
-
Нејмар подготвен за враќање ви репрезентацијата на Бразил