Македонија
23. September 2020 - 11:02

Владеењето на правото - клучен кластер при преговорите со ЕУ

Владењеето на правото ќе биде клучната област на која Македонија треба да се фокусира во наредниот период, порача новиот евроамбасадор во земјава Дејвид Гир. По состанокот во Владата со премиерот Зоран Заев, Гир посочи дека ова поглавје ќе биде прво отворено при преговорите со Европската Унија, но и последно затворено. Гир посочи и на на кои други области ЕУ ќе обрне најмногу внимание. Одржувањето на демократијата, почитувањето на човековите права, животната средина и секако добрососедските односи треба да бидат во фокусот на новата влада. 

На својата прва прес конференција како нов евроамбасадор во Македонија, Гир истакна дека очекува до крајот на годинава под германското претседателство да биде одржана и првата меѓувладина конференција, која всушност го означува и почетокот на преговорите со ЕУ. Осврнувајќи се на последните случувања со Бугарија и можната блокада, премиерот Заев очекува до ноември да биде изнајдено решение за спорните прашања со источниот сосед.

 

Горан Симоновски