Бизнис
20. March 2023 - 16:34

Владата утре ќе ги замрзне цените на јајцата и оризот

Цената на јајцата и оризот од утре оди под мраз. Ќе се продаваат на ниво на една од цените кои  важеле во март, но која Владата се уште не одлучила . Целта, според министерот Бектеши не е толку да  поевтинат овие производои, туку да се спречи енормно поскапување пред верските празници. – Велгиден и Рамазан Бајрам. За да нема  недостиг на јајца и истите да завршат во соседните земји, Владата ќе ја ограничи  количината која ќе смее да се изезува

- Ние утре нема да ја замрзнеме само цената, туку ќе го утврдиме процентот на производство на јајца кое може да се извезе одосно ќе ги ограничиме количините за извоз – рече Бектеши.

Замрзување на постоечката или било која цена која важела во март е прифатлива и за производителите на јајца. Сметатат дека со ваквата одлука, иако соседството се соочува со недостиг и се бара јајце плус, ќе има доволни количини за домашниот пазар

Дневно во земајва се произвeдуваат од 700 до 800 илјади јајца. Толку, според Догани, во прoсек се троши кај нас. Цената, зависно од трговците, се движи од 9 до 11 денари за јајце.

 За сега,  замрзнување на цените на шеќерот и брашното нема да има, затоа што трендот на поевтинување кај нив започна и ќе продолжи во иднина. Почна да се намалува и цената на месото, но ако не е доволно следни на листа за замрзнување ќе бидат месните производи. За органичување на цените на овошјето и  зеленчукот неопходни се анализи кои треба да ги изготви  Министерство за земјоделие.

Ианку денеска Бектеши ја објави и потрошувачката кошница, која според неговите пресметки, за март изнесува 43,163 денари. Кога Синдикатот ја објавува, инфлацијата е двојно пресметана,  еднаш кај поскапените производи, а вториот пат, се додава и инфлацијата.  Според него, вака се манипулира јацноста, дека за да преживее месечно на 4 члено семејство му се потребни над 50 илјади денари.