Македонија
3. October 2017 - 18:42

Владата усвои информација за потреба од набавка на униформи за полицијата

Владата денеска на седница усвои информација за потреба од набавка на униформи за припадниците на полицијата.

Владината прес-служба соопшти дека Владата го задолжила Министерството да поднесе барања за добивање согласност до Советот за јавни набавки за спроведување јавни набавки за повеќе делови од униформата за припадниците на полицијата.

- Во врска со оваа точка, Владата донесе одлука да му се укаже на Советот за јавни набавки, поднесените барања од Министерството за внатрешни работи во однос на униформата за Полицијата, согласно Закон да ги разгледа во пропишаниот рок и да донесе одлуки во рамките на утврдените законски надлежности, стои во соопштението.