Македонија
12. August 2018 - 16:05

Владата тврди дека потрошила само 100 евра народни пари на реклами за договорот со Грција

Платени реклами за референдумот на 30 септември од името на Влада на Република Македонија, од премиерот Зоран Заев и неколкумина министри веќе се вртат по социјалните мрежи.  Се работи за спонзорирани реклами поврзани со Договорот со Грција од страниците влада.мк, Зоран Заев – Претседател на Владата на Република Македонија и претседател на СДСМ, Никола Димитров – официјална страна на министерот за надворешни работи, Радмила Шеќеринска – заменик претседател на Владата и министер за одбрана, Едмонд Адеми – министер задолжен за дијаспора...Според Владата, од држабниот буџет биле потрошени вкупно 100 евра и то за рекламите и од владината страница и од страницата на прмиерот Заев.

- Владата на Република Македонија преку официјалните фејсбук страници има реализирано дистрибуција на јавни содржини со кои се објаснува содржината на македонско-грчкиот договор во износ од 100 евра.

Останатите Фејсбук страници биле администрирани партиски.

- СДСМ има обезбедено и реализира средства за промоција на онлајн содржини поврзани со референдумот и објавени на фејсбук страницата на претседателот на СДСМ и премиер на Република Македонија  - средствата немаат импликации врз државниот буџет. Ова се однесува и на ФБ страниците на министрите коишто имаат и партиски функции во СДСМ.

Рекламите кои беа спонзорирани од страницата влада.мк до синоќа на полноќ  беа присутни на Фејсбук. Информацијата од страницата покажуваше дека се работи за реклама за содржината на Договорот која било таргетирано да се појавува на фејсбук профили во Македонија. Но сега веќе рекламата ја нема, а е поставена информација дека страницата влада.мк нема спонзорирано реклама.

Се уште стојат рекламите од фан странциите на премиерот и минситрите.

Страницата на Заев има спонзорирано реклами кои се вртат во Македонија, Србија и Косово, а претходно имаше и реклами во Грција и Бугарија. Од страницата на Адеми пак, пуштени се реклами во 12 држави, меѓу кои сите во регионот, но и Швајцарија, Австрија,Италија, Канада, Австралија...

Според поранешниот антикорпционер Воислав Зафировски, владиното рекламирање со народни пари за референдумот не само што не е етичко туку и е противзаконско. Според него, во законот за референдум изречно е наведено дека само овластениот предлагач може да организира јавна пропаганда, а тоа во случајот е Собранието и тоа и пратениците на власта и на опозицијата.

Од ДИК веќе се изјаснија дека не можат да го органичат владиното рекламирање за референдумот, додека пак од Владата вчера ни потврдија дека реклами платени со буџетски пари ќе има, но ќе се трошат соглансо јавниот интерес.