Владата со промотивна и информативна кампања за референдумот
Владата најави промотивна и информативна кампања во пресрет на референдумот на 30 септември за прашањето „Дали сте за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција?”.
Одлуката за кампањата за споделување информации од јавен интерес за граѓаните/гласачите во Република Македонија, околу содржината на Договорот со Грција, придобивките од интеграцијата на Република Македонија во НАТО и ЕУ и планот по кој земјата ќе се движи кон Алијансата и кон Унијата, Владата ја донесе на вчерашната 83-та седница.
Владиниот советник за евро-атлантски интеграции Бојан Маричиќ, најави дека по завршување на летните одмори кампањата ќе биде интензивирана и ќе се користат сите достапни методи, во согласност со Законот за референдум и дефинираниот јавен интерес.
- Убедувањето на граѓаните ќе биде пред се дека мора да излезат и да гласаат затоа што е ова граѓански глас. Референдумот е врвно демократско право и сите оние, кои што, се заинтересирани за решавање на македонско-грчкиот спор и за иднината на Македонија во ЕУ и НАТО треба да излезат и да гласаат, изјави Маричиќ.
Кампањата, како што информираа од владината прес-служба, ќе се води согласно стандардите за јавни коминукации од интерес на јавноста и тоа релевантност, објективно и информативно комуницирање, непартиски комуникации, како и пропорционалност и рационалност.
Министерства и другите органи на државната управа, од Владата вчера беа задолжени, во рок од три дена до Министерството за финансии да достават информација за средствата коишто ги имаат на располагање, а кои би можеле да се пренаменат за кампањата за референдумот. аа/са/07:30
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар