-->
-->
Владата со осуда за инцидентот пред Конзулатот во Мелбурн
-->
Владата денеска најостро го осуди инцидетот што изутрината се случил пред Конзулатот на Република Северна Македонија во Мелбурн.Група македонски иселеници изутрината се собрале пред македонскиот Конзулат во Мелбурн каде запалиле грчко и бугарско знаме и картонска макета од премиерот Зоран Заев и вицепремиерката Радмила Шекеринска, извикувајќи навреди за актуелната власт.
-Владата на Република Северна Македонија најостро го осудува вандалското и недолично однесување на мала група пред конзулатот на Република Северна Македонија во Мелбурн. Ваквите дејствија го нарушуваат имиџот на земјата, на македонскиот народ и на граѓаните на Северна Македонија во очите на демократската јавност. Говорот на омраза е одлика на едно минато и напуштено време на кое мнозинството од граѓаните во земјава и дијаспората се спротивставија и кое е неприфатливо за домашните и глобалните демократски стандарди, се наведува во реакцијата на Владата, која на својот ФБ профил ја објави министерот без ресор задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми.
Се додава дека говорот на омраза поттикнува насилство, а сите кои потпалуваат нетрпение и конфликти треба да одговараат пред надлежните институции.
-Палењето знамиња на држави и макети од премиерот Зоран Заев и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, не се никаква одлика на патриотизам, ниту пак се слика за нашата дијаспора. Овие срамни изолирани дејствија нема да наштетат на гордоста да се биде Македонец или граѓанин на нашата земја, дома или надвор од границите на Република Северна Македонија, се вели во реакцијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЈП ПОЦ предупредува за лажни СМС-пораки за неплатено паркирање
-

Остри реакции на конгресмени на двете партии на враќањето на Хуанг во „Енвидија“
-

Лидерот на AfD бара депортација на 2,6 милиони луѓе од Германија – меѓу нив Украинци, Сиријци и Авганистанци
-

НБА: Победи за ЛА Лејкерс и Сан Антонио, пораз на Филаделфија
-

Лажел дека има леукемија и собрал речиси 190.000 евра донации – уапсен 20-годишник во Косово
-

Почна најголемото клиничко испитување за побрзо откривање рак на дојка со помош на вештачка интелигенција
-

Отстранети 3.500 тони комунален отпад на територија на град Скопје
-

Најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени
